Мистерија на третата доза

Истражување: Ова се најчестите симптоми на инфекција кај оние кои се вакцинирани
ФОТО: Драган Митрески - СП.

Комбинацијата на различни вакцини не е невообичаена и се користела порано, но во случај на вакцини против коронавирус, треба да има докази дека „кинеската“ вакцина работи добро со третата доза на вакцини „Фајзер“ или „Астразенека“

Третата доза на вакцината за која станува збор кај оние кои не развиле антитела по примени две дози од некоја од постоечките вакцини, отвори неколку прашања што ги интересираат сите, особено оние кај кои нивото на антитела не е завидно. Овие прашања се кога треба да ја примите таа трета доза, која вакцина (иста или од друг производител), како и начинот на комбинирање на различни вакцини?

Ова е важна тема покрената – некои можеби ќе речат прерано – затоа што истражувањето што треба да даде одговори на овие прашања е во тек. Во врска со тоа кога треба да се прими третата доза, д-р Драгослав Поповиќ, претседател на Здружението за јавно здравје, вели дека „минималниот интервал постои, а максимумот е отворен“. Покрај тоа, треба да се има предвид дека повеќето сè уште не ја примиле првата доза на вакцината.

Комбинацијата на различни вакцини не е невообичаена и се користела порано, но во случај на вакцини против коронавирус, треба да има докази дека „кинеската“ вакцина работи добро со третата доза на вакцини „Фајзер“ или „Астразенека“ и дека обезбедува уште подобра одбрана од коронавирус.

Со децении, научниците го истражуваа пристапот, надевајќи се дека ќе најдат моќни комбинации против вируси, како што се грип, ХИВ и ебола. Во тие обиди секогаш немаше успех. Бидејќи се одобруваат повеќе вакцини, истражувачите ги тестираат нивните комбинации. Неколку се во клинички испитувања, додека други во моментов се тестираат на животни.

Неодамна, Институтот „Гамалеја“ се здружи со „Астразенека“ за да тестира колку добро „работат“ нивните вакцини – и векторските, со мали разлики – и во клиничките испитувања, а волонтерите добиваат доза на вакцина „Астразенека“ и доза „Спутник В“. Некои вакцини, особено протеинските, се покажаа како добри во произведување антитела. Другите, како векторските, пак, подобро ги обучуваат имунските клетки. Нивната комбинација, според некои истражувачи, може да го обезбеди најдоброто од двете.

Во февруари, истражувачите од Универзитетот во Оксфорд започнаа студија во која волонтерите примија доза на „Фајзер“, проследена со доза на „Астразенека“ или обратно, а третата група учесници, за споредба, ја примија истата вакцина во две дози – на стандарден начин. Во студијата наречена „Ком-Ков“, тие регрутирале 830 волонтери. Месецов, тим од Оксфорд ќе ја анализира крвта на волонтерите за да ги тестира нивните антитела и имуните клетки и да утврди дали имунолошкиот одговор е силен како со две дози од секоја вакцина.

Комбинацијата на вакцини може да биде клучна, особено поради новите соеви на коронавирус и можно е различни вакцини да „работат“ подобро од она што секоја вакцина може да го постигне самостојно. Комбинирањето на вакцините ќе биде добро во случај на потенцијални нарушувања во снабдувањето, се разбира, доколку се докаже дека тие можат да обезбедат уште подобра и подолга заштита.

Преземено од „Недељник“ од Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот