Мирно на границата меѓу САД и Мексико, стапија на сила новите прописи за имиграција

Фото: МИА

На границата меѓу САД и Мексико владее релативен мир по укинувањето на ограничувањата воведени поради пандемијата и истовременото стапување во сила на новите прописи за имиграција.

Мигрантите се приспособија на новите строги прописи воведени за да се обесхрабрат илегалните преминувања и чекаат да се реализира ветувањето за нови легални начини за влез во САД, јавуваат локалните медиуми.

Вчера истече регулативата позната како член 42, која беше во сила од 2020 година поради коронавирусот и која дозволуваше секој мигрант веднаш да биде протеран од земјата при влез без да се разгледа барањето за азил.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден воведе нови прописи кои стапија во сила во исто време со истекот на оваа регулатива за пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот