
Миовски: Белгија е одлична репрезентација, свесни сме за нејзините силни и слаби страни
Македонската фудбалска А репрезентација со полн состав се подготвува за претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026 против Белгија (10 октомври, Гент) и Казахстан (13 октомври, Скопје).
Препорачано
Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски смета дека овие натпревари се едни од најважните во поновата репрезентативна историја:
– Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната фаза на квалификациите, а досега покажавме дека знаеме да играме фудбал и затоа се наоѓаме во ваква ситуација. Први сме моментално во групата, имаме гол разлика единаесет два. Ако некој нѐ прашаше претходно дали сакаме да се најдеме во ваква ситуација пред квалификациите, нормално дека ќе бевме задоволни, но работата сѐ уште не е завршена. Знаеме дека не само овој, туку и последните два натпревари против Казахстан и против Велс се едни од најбитните во поновата репрезентативна историја.
Првиот натпревар е против Белгија, а знаеме против каков противник играме. Свесни сме за нивните силни, но и слаби страни. Имаме доста поддршка од навивачите, знаеме дека ќе бидат во голем број, така што мислам дека ќе гледаат одличен фудбал. Белгија е одлична репрезентација, каде што 90 отсто од играчите играат во топ петте лиги. Но ние играме како тим, го докажавме тоа – се зборовите на Миовски.
Натпреварот помеѓу Белгија и Македонија ќе се игра в петок (10 октомври) со почеток од 20.45 часот.