Министрите за надворешни работи на Г7 на заедничка средба во Токио

Г7 2022 во Германија
Фото: EPA-EFE/Georg Wendt

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска се среќаваат во Токио, на дводневни разговори посветени на војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, што се заканува да ескалира во регионален конфликт.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Јапонија на состанокот на дипломатите на Г7, на кој се очекува да доминира војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Појасот Газа, пишува Гардијан.

За време на средбата, шефовите на дипломатиите на Г7 планираат и видео разговор со нивниот украински колега Дмитро Кулеба, соопштија јапонските власти, наведувајќи дека Г7 се залага за поддршка на Киев.

Најавувајќи ги разговорите со Кулеба, јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава нагласи дека нема да има промени во заложбата на Г7 за „строги санкции против Русија и силна поддршка за Украина… дури и во околности кога ситуацијата на Блискиот Исток се интензивира“, пренесуваат британските медиуми.

Министрите за надворешни работи од Г7, во која се САД, Јапонија, Франција, Велика Британија, Италија, Германија и Канада, заедно со Европската унија, исто така, треба да разговараат за односите со Кина, која претходно ја повикаа да изврши притисок врз Русија да ја прекине нејзината агресија врз Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот