Минатиот јули еден од најтоплите досега забележани во светски рамки

Топлотен бран во Бордо, Франција / 13 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Минатиот јули беше еден од најтоплите што било кога се забележани откако се води статистика, соопшти денеска Светската метеоролошка организација, специјализираната агенција на ОН со седиште во Женева.

„Можеме да кажеме дека овогодинешниот јули е еден од трите најтопли досега забележани, со интензивен и долготраен топлотен бран што зафати многу делови од Европа”, изјави портпаролката на организацијата Клер Нулис.

На прес-конференцијата е соопштено дека јули оваа година бил незначително постуден само од оној пред две години, но и за нијанса потопол од 2016.

„Но, температурната разлика меѓу тие три месеци беше навистина многу мала”, рече Нулис.

На глобално ниво, температурата забележана изминатиот месец е за 0,4 степени Целзиусови повисока од референтната за периодот од 1991 до 2020 година, и тоа во услови кога поради природниот феномен Ла Ниња се очекуваше „ефект на ладење”.

Минатиот месец Светската метеоролошка организација ги повика светските лидери да се „разбудат”, со предупредување дека Европа минува низ низа невообичаени топлотни бранови кои поради климатските промени ќе зачестуваат и ќе се случуваат континуирано барем до 2060 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот