Милошоски: Не е етички пратениците да не одат во Собрание, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал да се на своето работно место

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и одлучува преку online апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници, потенцираше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук.

Тој додаде дека од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за да си ја заработат својата плата!

-Ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество , а не присуство.., како што прецизно е утврдено и со Деловникот. Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето- напиша Милошоски.

Од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и одлучува преку online апликации, од едноставна причина што…

Publiée par Antonio Miloshoski sur Mardi 13 octobre 2020

Пратеничката група на СДСМ два пати бараше пратениците да работат онлајн, заради ситуацијата со ковид-19, нешто што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа.

Пратеникот Јахоски е хоспитализиран со симптоми на коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот