Милатовиќ вели дека треба да ѝ се даде сто дена на новата влада за да се види како ќе се покаже

Јаков Милатовиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека не било лесно да се формира новата влада, поради многуте барања на политичките субјекти, но додаде и дека премиерот Милојко Спајиќ можел помудро да преговара.

– Во секој случај, не е добро да се има влада со пет потпретседателски места, изјави Милатовиќ во гостувањето на подгоричката телевизија „Адриа“.

На Владата, рече тој, треба да ѝ се дадат околу 100 дена да се види како ќе се покаже.

Тој вели дека премиерот Спајиќ е добронамерен човек кој има што да и понуди на Црна Гора. Имаат добра комуникација, иако не секогаш се согласуваат за некои прашања. Тој изјави дека неговиот избор за шеф на црногорската држава ја зајакнал надворешната политика на Црна Гора и оти има голема желба да го подобри имиџот на државата, која, како што вели, била разнишана поради аферите и бавноста на реформите.

– Работам на подобрување на нашата позиција, забрзување на нашиот европски пат, добрососедски односи, изјави Милатовиќ и изрази надеж дека новата влада ќе помогне целосно да се нормализираат односите меѓу Црна Гора и Србија.

– Затоа што тоа е нормално, природно и граѓаните тоа го очекуваат од нас, рече шефот на црногорската држава.

Тој додаде дека во политиката влегол за да ја внесе Црна Гора во Европската Унија и смета дека ќе успее во тоа.

– Секако дека не можам сам, ми треба помош и мислам дека ќе ја добијам од Собранието и Владата, рече Милатовиќ. Тој очекува дека во 2028 година Црна Гора би можела да стане членка на Унијата.

– Тоа е амбициозна цел, која е и реална, додаде Милатовиќ, нагласувајќи дека тоа е најголемиот заеднички именител на најголемиот број граѓани на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот