Милановиќ: ХДЗ нема да може да формира влада, за Пленковиќ „играта е завршена“

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска од Пула изјави дека неговата цел е победа, дека за лидерот на ХДЗ и премиер Андреј Пленковиќ „играта е завршена“, нема, вели, да ја зачува ниту европската фотеља, а ниту неговата ХДЗ нема да може да ја формира новата хрватска влада.

„Мојата цел е победа. Почнавме доцна, тешко е, ги немам истите очекувања како кога ја водев СДП. Но, ХДЗ нема да може да формира влада, ќе ја формираат некои подобри луѓе, а Пленковиќ нека оди во Брисел и нека бара работа во Европската народна партија (ЕПП)… Не знам, јас сум народна партија“, изјави Милановиќ за новинарите.

Според Милановиќ, работите стојат така што Пленковиќ ја доведе ХДЗ до работ на пропаст.

„На крајот ме доведе до точка дека немам избор и морам да го правам тоа што го правам, го разоткривам Уставниот суд. И да се види колку е важен претседателот во овој постизборен период“, рече Милановиќ, објаснувајќи дека овластувањата што ги има како претседател на државата „би му ги дал на својот домашен миленик“.

Тој повтори дека кога ќе собере доволно потписи, ќе формира влада, не исклучувајќи ја можноста во тоа можеби и да не успее, бидејќи, посочува, постои ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот