Мијалков се пријавил во струшкиот затвор

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, согласно судската покана за издржување на затворската казна, денеска по 14 часот се пријавил во струшкиот затвор, објави Телма, повикувајќи се на свои информации.

„А1он“ објави дека тој во затворот дошол сам, без обезбедување, носејќи куфер.

Мијалков склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот Империја и треба да одлежи тригодишна казна. Тој, откако се спогоди, ја смени адресата на живеење во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга, кој е од отворен тип. Овој „маневар“ наиде на бурни реакции во јавноста.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, ова го нарече „затворски туризам“, бидејќи погодностите во овој затвор се многу поголеми, а Мијалков не е прв кој искористи прилика да одлежи казна таму, со промена на живеалиштето во Охрид.

Влегувањето во затвор на Мијалков доаѓа откако тој еднаш го одложи издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Во меѓувреме, во хотелот „Мериот“ го славеше раѓањето на неговата прва внука, од синот Јордан. Два дена подоцна, без да побара ново одложување, се јави на издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот