Мијалков сѝ бара ослободителна пресуда

Фото:

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков заедно со осудените во „Титаник 2“ денеска од Апелациониот суд побараа да се укине пресудата на Кривичниот суд бидејќи како што рекоа, биле невини.

Мијалков кој беше осуден на три години за случајот, очекува Апелациониот суд да донесе правилна одлука.

-Јас верувам дека ќе донесете правична одлука, бидејќи верувам во вашиот судски интегритет. Моите бранители ги опфатија сите аспекти од формален карактер и ги изнесоа сита наводи со кои не се согласуваме, а се наведени во пресудата- рече Мијалков.

Според адвокатите на осудените, случајот кој се однесува на договорено гласање во ДИК за приговор за локалните избори во Струмица во 2013 се темели на претпоставки.

За изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков доби казна затвор од три години, исто толку добија и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, додека лидерот на ДПА Мендух Тачи доби три години и два месеца, а највисока казна од четири години и шест месеци му беше изречена на Бедредин Ибраими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот