Михаела Мишовска/фото: facebook.com/aleksandar.kuzmanovski

Михаела Мишовска ќе се бори за златниот медал на Европското првенство во карате

Михаела Мишовска настапува успешно на Европското првенство во карате кое се одржува во Задар, Хрватска.

Македонската каратистка во категоријата -50 кг. обезбеди пласман во финалето и има шанса од континенталниот шампионат да се врати со златен медал.

На патот до финалето Мишовска забележа четири победи, најпрвин триумфираше против Петфето Eрминиа од Италија, Мариами Васаде од Грузија, Амос Корал од Израел.

А во полуфиналната фаза нашата натпреварувачка ја совлада Тзилиа Елени од Грција со 4:1.

Противничка на Мишовска во борбата за златото на 11 мај ќе биде Ема Сгардели од Хрватска.

Македонскиот каратист Петар Заборски ќе се бори за бронзата на Европското првенство во Задар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот