Мигрантите ги „скараа“ Словаците и Чесите

Фото: Profimedia

Словачка во четвртокот го засили притисокот врз Чешка да ги олесни граничните контроли кои се во сила со недели за да се справи со напливот на мигранти, главно од Сирија, кои се упатуваат кон Германија и Западна Европа.

Контролите предизвикаа тензии меѓу сојузниците, при што словачкиот премиер Едуард Хегер ја оспори нивната примена според правилата на Европската унија. Тој синоќа разговараше за ова со својот чешки колега Петр Фиала во Прага.

Проверките за влез долж 252 километарската чешко-словачка граница за да се одвратат мигрантите, го забавија транспортот на камиони, често предизвикувајќи повеќечасовни одложувања кои го зголемија гневот на словачките возачи на камиони.

Словачка вели дека контролите ги прекршуваат принципите на Шенген зоната на ЕУ, чиј дел се и двете земји.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан по состанокот на чешката и словачката делегација изјави дека контролите ќе останат на сила, но дека ќе се направат напори да се олесни сообраќајот за локалното население.

„Секако би било добро да се извршат проверки за да бидат што побрзи за чешките и словачките граѓани. Се договоривме за посилна полициска соработка на самата граница“, рече Ракушан во интервју за чешката телевизија.

ЕУ одобри привремени контроли во Чешка поради „нередовната миграција, активности на организирани групи шверцери“.

Словачката влада овој месец постави камп од 16 шатори во Кути, пограничен град, за да управува со протокот на мигранти што контролираат.

„Сакам да одам во Германија бидејќи татко ми и семејството се таму“, рече 24-годишниот Халид во кампот откако беше запрен од чешките контроли. Неговото патување од Сирија траеше шест недели.

„Само сакам да одам во Германија да работам. Немам пари“, рече тој.

Чешката влада ги воведе проверките на 29 септември, откако забележа дванаесеткратно зголемување на бројот на приведени илегални имигранти досега во 2022 година, сега на 12.000.

Оттогаш, чешката полиција соопшти дека открила 8.840 случаи на илегална миграција и вратила 2.841 лице во Словачка.

Огромното мнозинство од мигрантите биле Сиријци, главно на пат кон Германија, соопштија властите. Словачкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека граѓанската војна во Сирија го отежнала враќањето на мигрантите.

Околу 200 луѓе го исполнија кампот претходно оваа недела, повеќето останале два или три дена.

„Се обидуваме да поставиме координиран центар овде каде што луѓето ќе можат да останат кратко време, а потоа да продолжат понатаму“, рече Михаела Канова, од одделот за кризи на словачкото Министерство за внатрешни работи, на брифингот во кампот во четвртокот.

Возачите на камиони одржаа кратка блокада на границата во текот на ноќта во понеделникот, пред властите да ветат дека ќе ја олеснат ситуацијата.

Словаците, исто така, се обидоа да помогнат во зајакнувањето на надворешната Шенген граница меѓу Унгарија, членка на ЕУ и Србија, која не е членка на ЕУ, каде што многу мигранти преминуваат во ЕУ пред да поминат низ Словачка и во Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот