Мицкоски: Па имате ли совест, знаете ли што и правите на земјата?!

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, обвинува лидерот на опозицијаската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот. Прекинете со парадерските прес конференции и решавајте проблеми. Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно- напиша на Фејсбук Мицкоски.

Па имате ли совест, вели Мицкоски, знаете ли што и правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот