Мицкоски на протестот пред Собрание: Вистинско време е  Европа да му даде на овој народ иднина без никакви уцени и условувања

Денеска имаме држава, ама немаме слобода. Тврдината што ја правеа револуционерите, СДСМ ја руши парче по парче, порача од пред Собрание лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

– Македонија мора да отпочне преговори со ЕУ час поскоро, тоа е нашата единствена иднина. ВМРО беше создадено за таа европска иднина. Македонија даде илјадници жртви против фашизмот и комунизмот. Македонија е браникот во кој се бранеше Европа од мигрантските бранови. Македонија дала и секогаш дава за Европа. Вистинско време е  и Европа да му даде на овој народ иднина без никакви уцени и условувања – рече Мицкоски.

Тој се обрати и кон соседна Бугарија.

– Увререн сум дека и вас не ви требаат понижени соседи. Со мафијашка структура на власта на Заев не можете да се договорите, зашто тој го менува мислењето  по неколкупати на ден – рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата во својот говор се осврна и на Гоце Делчев и македонскиот јазик.

– Доколку навистина биде признаено и прифатено дека Гоце Делчев е роден во Македонија, и тој е Бугарин по нација, а македонскиот јазик е признаен како дел од бугарскиот и тоа Заев го преточи во одлука. Таа одлука веднаш ќе ја поништитем кога ќе дојдеме на власт и ВМРО-ДПМНЕ никогаш во иднина нема да ја почитува – рече Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот