Мицкоски: За мене е политиканство оптимизмот на Ковачевски за уставни измени

Поминаа повеќе од 15 месеци повторувајќи една иста работа дека уставни измени под бугарски диктат ќе нема, но ќе нема и во иднина. Сакам да повторам и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе биде влада нема промена на околностите, ако не видиме некаков прогрес бидејќи сега целосно е во насока на бугарските барања ќе нема уставни измени, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените”.

Според него тоа што Димитар Ковачевски сѐ уште остава простор и е оптимист дека ќе се соберат две третини за промена на Уставот е само политикантство.

Тој негов оптимизам е за мене политиканство, бидејќи на тој начин мисли ќе ги држи мобилизирани колку толку оние малкумина кои преостанаа во штабовите на СДСМ, дека еве само што не се случиле тие измени, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека има нешто повеќе од пет месеци пред официјалниот почеток за кампањата за претседателски избори и дека очекуваат победа и на претседателските и на парламентарните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот