Мицкоски вели дека во Охрид се реализирани многу проекти и се решени долгогодишни проблеми

Фото МИА

Лидерот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Охрид изјави дека е секогаш му е задоволство да се присуствува на проекти кои или се изведуваат, или се отпочнуваат или се завршуваат.

Градоначалникот Кирил Пецаков кажа за тоа што се случува во моментот овдека во општина Охрид, што се случуваше и што ќе се случува, изјави тој.

Според него, ова е навистина „импозантен градежен зафат кој што можеби и со децении досега не бил случен”. Тој му се заблагодари на градоначалникот и неговата администрација, како и на советниците во Општина Охрид, а како што најави, многу од „овие проекти се отпочнуваат и ќе бидат завршени, многу ќе бидат и отпочнати и ќе бидат завршени”.

Јас навистина можам да им честитам тоа што нѐ прават нас горди, го прават Охрид, охриѓани и ги решаваат акутните проблеми.
А, само така со проактивна, храбра улога можат да бидат надминати сите проблеми кои што за жал со децении биле напластувани и некако се бегало од нивно решение, смета Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот