Фотоколаж: Слободен печат

Мицкоски се извини за поддршката за Арсовска и ги повика невладините да му поднесат кривична за екоцид ако тој е одговорен за ѓубрето

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека проблемот со ѓубрето ќе биде решен веднаш по локалните избори кога за градоначалник на Скопје ќе биде избран Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода. Тој најави генералка на сметот во првите 72 часа по изборите во општините каде ВМРО-ДПМНЕ има свои кадри, а потоа ќе следи одговорност.

Тој им се извини на скопјани за тоа што ја поддржал Данела Арсовска како независен кандидат на изборите пред четири години.

„Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме“ рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по направениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Беровски“, во Општина Ѓорче Петров.

Мицкоски вели дека Општините не можат да го собираат ѓубрето од преполните контејнери и затрупаните тротоари бидејќи минатиот пат раководството на „Дрисла“ не им дозволило да го депонираат ѓубрето и добиле кривична пријава од претпријатието.

„Работиме внимателно. Ние не правиме естрада од ништо, водиме политика, која е многу внимателна. Процесите што ги водите имаат одговорност и на крајот тој процес мора да има име и презиме. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме“, одговори премиерот Мицкоски на прашањето дали МВР влегло во ЈП „Комунална хигиена“, каде што очигледно нешто ги сопира камионите да излезат и да го соберат ѓубрето.

На прашањето „дали се случува одговорен за екоцидот што му се случува на градот“ Мицкоски не даде одговор, туку наместо тоа повика „невладините организации да поднесат кривична пријава против него“ бидејќи, како што рече, согласно кривичниот законик екоцид е кривично дело.

ФОТО | Скопје длабоко „тоне“ во ѓубре – граѓаните нервозни, улиците смрдливи, отпадот несобран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот