Мицкоски до Памер: Никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени оти ова не е последното барање од Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Австрија, Мартин Памер со кого разговараа за актуелната политичка и економска состојба и евроинтегративниот процес на државата.

Како што соопштија од партијата, од страна на Мицкоски било истакнато дека Владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа се соочува со нов коруптивен скандал во кои се вмешани првите владини функционери, додека стандардот и домашниот буџет на граѓаните опаѓа и дека поради тоа се потреби брзи предвремени избори.

На средбата станало збор и за уставните измени при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека остануваат на својот непроменет став дека нема да гласаат.

„Беше посочено дека бидејќи власта на СДСМ и ДУИ, нема 2/3 мнозинство, не ги става уставните измени на гласање и со тоа ги прекршува законските процедури и директно го крши Деловникот за работа на македонскиот Парламент. Ставот на партијата уште еднаш беше афирмиран од претседателот, дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени, бидејќи ова не е последното барање од Бугарија, како и дека билатералните односи не смеат да бидат дел од преговорите за членство на земјата во ЕУ, се наведува во соопштението.

На средбата, меѓу другото, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Памер му посакал добредојде и успех во вршењето на функцијата амбасадор во земјава, а посебен акцент ставил на негувањето на пријателските односи меѓу двете држави, за што се заложиле за нивно натамошно продлабочување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот