Метлата на Заев почна да ги мете роднините

Пратеникот и висок функционер на СДСМ Александар Кирацовски на Фејбук објави дека од работните места се повлекуваат неговите родинини, откако Антикорупциската комисија обвини за непотизам.

„Јас бев првиот што јавно реагираше уште на првите реакции од јавноста. Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар, преку Агенција за времени вработувања. Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа, затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања. Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука.Привилегии, партизација и непотизам не се вредности на СДСМ, не се ниту ќе бидат мои вредности.Очекувам Државната комисија за спречување на корупцијата да поведе постапка и за бројните партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ и непотизмот кој што го раширија до невидени размери“, пишува Кирацовски.

Покрај за роднините на овој пратеник, Антикорупциска вчера имаше сомнежи и за вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска во ЕЛЕМ. Синот на оваа пратеничка беше вработен во ЕЛЕМ, вработување доби и нејзиниот брат, а сопругот беше унапреден во Шумската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот