МЕТЕО на УБ: Временската прогноза за денес вели дождливо време

Дождливо време
Дождливо време / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денеска времето во државава ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд и со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Потоа утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и релативно суво, иако и тоа особено во јужните и во југоисточните предели е можен сосема слаб и локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 13 степени.

Поинтензивен влажен бран кој на повеќе места ќе услови поинтензивни врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта четврток кон петок, како и во петок, но и за време на викендот кога на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Исто така во петок, како и за време на викендот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот