Мета: Состојбата со ковид-19 во Албанија е вон контрола

Илир Мета / Фото: Архива на „Слободен печат“

Албанскиот претседател Илир Мета оцени дека состојбата со пандемијата со ковид-19 е вон контрола и ја повика Владата на премиерот Еди Рама да не си игра со здравјето на луѓето.

Според него освен пропаганда Владата нема никаков план за почеток за масовна вакцинација на населението.

-Не се толерира секојдневно да се бројат само заразени и починати а да не се презема никаква мерка за се спречи ширењето на Ковид -19. Последните денови загрижувачки се бројките на новозаразени и починати, а се полнат и болниците. Апелирам до Владата да не ги третира граѓаните како бројки за дневна статистика, оставајќи ги на судбината. Секој албански граѓанин заслужува достоинствен третман, апелира Мета.

Тој побара од граѓаните да бидат повнимателни и строго да ги почитуваат мерките за заштита.

Неговата реакција доаѓа по континуираното зголемување на бројот на новозаразени и починати, кој вчера достигна нов негативен рекорд. Регистрирани беа 1.089 новозаразени и 15 починати, а зголемен е и бројот на хоспитализирани во четирите ковид болници.

Познати епидемиолози претходно апелираа до владата да почне преговори и со Кина и Русија за набавка на вакцини.

Според премиерот Рама во средина на месецов треба да пристигнат над 10 илјади вакцини од компанијата Фајзер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот