Меркел: Претстојат последните и најтешки месеци од пандемијата

Фото: EPA-EFE/Maja Hitij / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел вакцината за коронавирусот ја нарече „зрак на надеж“ и истакна дека по пандемијата, ќе биде потребно да се создадат еднакви услови за живот за сите граѓани.

Пандемијата на коронавирусот ќе продолжи најмалку уште неколку месеци, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. „Се разбира, најтешките месеци од пандемијата – мислам дека ова може да се предвиди – допрва следуваат“, рече Меркел, цитирана од Дојче веле.

Во исто време, канцеларката истакна дека благодарение на веќе достапната вакцина за коронавирусот, тешките времиња ќе бидат „придружени со зрак надеж“. По пандемијата, „ќе биде многу тешка задача“ да се создадат еквивалентни услови за живот за сите граѓани и во таа насока ќе биде важно да се спречи поделбата во општеството, вели шефот на германската влада.

Во Германија, откриени се над 26,3 илјади случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, а потврдени се 1070 смртни случаи. Од почетокот на епидемијата во Германија, вирусот САРС-КоВ-2 е откриен кај 1.835.038 лица, 37.607 починале, а околу 1.474.000 се оздравени.

Во ноември Германија воведе второ затворање. На 5 јануари, на состанокот на претставници на германските сојузни држави и владата беше донесено решение за продолжување и засилување на ограничувањата. Особено, во градовите каде ќе бидат откриени повеќе од 200 нови случаи на инфекцијата на 100.000 жители. Во овие места на граѓаните ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови на повеќе од 15 километри без оправдана причина. Покрај тоа, продавниците за храна, фризерските салони, фитнес салите и другите објекти остануваат затворени. Училиштата ја спроведуваат наставата од далечина, а градинките се затворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот