Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Меѓусебен дијалог, доверба и разбирање се пораките од денешната неформална средба на верските лидери

Верските лидери и претставници на високообразовните верски институции, студентите и младите од верските заедници денеска имаа неформална средба, организирана од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

Целта на оваа средба, како што велат од Комисијата, била вмрежување и покажување на јавноста на кој начин функционираат верските заедници и да се пренесат пораките за меѓусебен дијалог, доверба и разбирање меѓу различните верски заедници во земјата.

Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

-На неформалната средба се зборуваше за продолжување на оваа контруктивна соработка која со децении наназад се негува и е видлива меѓу верските лидери кои треба да бидат промотери на заедништво, мир, толеранција и да го градат духот на сплотеност која ќе се пренесе на сите граѓани. Сите ние знаеме колкава е моќта на еден верски лидер кој со свој личен пример ќе ја промовира сплотеноста и толеранцијата, рече претседателтака на Комисијата Оливера Трајковска.

Таа додаде дека бил постигнат договор сите заедно да продолжат со проекти кои имаат за цел да ги отстранат штетните појави како насилен екстремизам, нетрпеливоста и поделбите.

Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Исто така, се раговарало и за воведување на предметот на етика на религии во образовниот процес и тоа не како сега само во шесто одделение.

-Има иницијатива која е поднесена од страна на Асоцијацијата на вероучители поддржана од Комисијата и верските заедници до МОН за воведување на овој предмет и во шесто и во седмо одделенеие. Од изборен факултативен, како што е сега да прерасне во изборен задолжителен во 6 одделение како етика на религии, а во седмо како културно и религиозно наслество, рече Трајковска.

Таа истакна дека се размислува и за воведување на предметот етика од самиот почеток на образовниот процес па се до завршување на средното образаование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот