
Меган Маркл во 2025 година ќе стане побогата за 55 милиони евра
Богатството на Меган Маркл во 2025 година ќе се зголеми за повеќе од 54,4 милиони евра благодарение на многубројните проекти, сума која ќе ја доближи до заработката на првата милијарда на својата сметка.
Препорачано
Меган порасна во Лос Анџелес, а пред да го запознае принцот Хари, беше позната по улогата на Рејчел Зејн во серијата „Одела“ (Suits) во која глумеше од 2011 до 2017 година, додека пред тоа работеше како водителка во шоуто (Договорено или недоговорено“ (Deal or No Deal) и имаше помали улоги во различни филмови и серии.
За секоја епизода од серијата „Одела“ таа наводно заработувала околу 400.000 евра годишно, а вкупно снимила повеќе од 100 епизоди во седум сезони.
Маркл неодамна се врати пред камерите и се чини дека и оди многу добро. Иако критичарите и дадоа негативна рецензија, со која публиката се согласи, таа продолжи да ја гради својата деловна империја.
Војвотката ја зголемува сметката, а проценетата на нето вредноста оваа година од договорените проекти изнесува 54,4 милиони евра.
Инаку, Меган Маркл и принцот Хари поседуваат прекрасна куќа во Монтесито, вредна повеќе од 26,9 милиони евра, со 16 спални соби, градини со рози, тениско игралиште и базен. Исто така, нивниот дом, познат како Шато на Ривен Рок, вклучува јапонска чајџилница, кокошарник, винарска визба, соба за игри и домашно кино за семејна забава.
Меган неодамна објасни дека не сака да ги отвори вратите на своето „безбедно засолниште“ за јавноста, опишувајќи го како место каде што семејството поминува заедно скапоцени моменти, како што е заспивање на Лилибет и заеднички ручек.
Медиумски потфати на Меган
Двојката потпиша петгодишен договор со Нетфликс во вредност од 93,6 милиони евра во 2021 година, а оттогаш Меган го објави документарниот филм „Хари и Меган“, во кој ја раскажа љубовната приказна на кралската двојка и серијата за животниот стил „Со љубов, Меган“, која веќе втора сезона има зелено светло.
Таа, исто така, имаше поткаст наречен „Архетипови“ според договорот од 18,1 милиони евра со „Спотифај“, а во него беа прикажани познати личности како Мараја Кери и Серена Вилијамс. За жал, договорот заврши во 2023 година, а раководните лица на „Спотифај“ немаа многу пофални зборови за неа.
Меган неодамна објави партнерство за нов поткаст „Исповеди на една жена – основач“, кој ќе започне на 8 април. Во него таа ќе разговара со различни успешни основачи во секоја епизода, иако висината на нејзината заработка за овој проект не е јавно објавена.
Таа, исто така, го обнови својот бренд „Овоштарник во Американската ривиера“ (American Riviera Orchard), велејќи дека тоа е „продолжение на она што отсекогаш бил нејзин љубовен јазик – прекрасно спојувајќи го сè она што вреди: храна, градинарство, забава, наоѓање радост во секојдневието …“.
Производите вклучуваат овошни џемови, мешавини од чај и палачинки.
Меган ја лансираше и „Купувајте на мојата страница“ (ShopMy Page), платформа каде што може да ја сподели омилената облека и производи за убавина.
„Избрана колекција на работи што ги сакам – се надевам дека ќе уживате во нив“, напиша таа на својот профил.
Некои од ставките на нејзиниот список, од кои ќе заработи провизија, вклучуваат џемпер од кашмир вреден 1.287 евра и фустан од 1.221 евра.