Меџити во ОН: Здравствена инфраструктура е под тежок притисок, ранливите заедници го понесоа товарот

Фото: Фејсбук, Фатмир Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити се обратил на седница на 78. Генерално собрание на Обединети Нации на тема „Превенција на пандемии, подготвеност и одговор на истите”, соопштија од Министерството за здравство. Во обраќањето тој се осврнал на предизвиците со кои здравствените системи се соочија насекаде во светот во екот на корона-кризата, како и за товарот што здравствениот систем во Македонија го носеше во борба со Ковид-19.

Пандемијата со Ковид-19 го истакна значењето на здравите и силни здравствени системи, беспрекорната координација и ефективни механизми за одговор. Северна Македонија не беше изземена од нејзините разорни влијанија. Нашата здравствена инфраструктура е под тежок притисок, а ранливите заедници понесоа непропорционален товар. Нашиот одговор мора да биде брз, со еднаков пристап кон сите и напреден. Еднаквиот пристап е во срцето на нашата стратегија. Ја зајакнуваме јавната здравствена инфраструктура, ги подобруваме системите за надзор и даваме приоритет на недоволно опслужените заедници – истакнал Меџити.

Како што соопштија од Министерството, тој заклучил дека е потребна солидарност меѓу земјите и колективен одговор, како во размена на искуства и експертизи, така и во размена на информации и спречување на дезинформации.

Гледајќи напред, ние се обврзуваме на натамошно градење на отпорност на здравствениот систем. Северна Македонија е отворена за меѓународна соработка и партнерство за постигнување на овие цели. Само со заеднички одговор во време на пандемии и здравствени кризи може да ги заштитиме нашите граѓани, да го зајакнеме нашиот здравствен систем и подобро да се подготвиме за идни предизвици, се наведува во изјавата на Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот