Меџити: Уставните измени се прифатливи ако Албанците станат државотворен народ

Фото: Демократско движење

Албанскиот опозициски блок ќе гласа за уставните измени само ако Албанците станат државотворен народ. Предводникот на Демократско движење, Меџити на телевизиска дебата на Еуроњуз Албанија изјави дека за нив уставните измени се прифатливи ако има промена на позицијата на Албанците како втор заедница во државата.

-Не се согласуваме Албанците да бидат рамноправни со другите заедници кои имаат 300 луѓе, затоа што ова навистина нема смисла. Ако се дозволи ова, тогаш ќе имаме многу проблеми со Бадентеровиот принцип, кој принцип беше еден од клучните фактори за постигнување мир во 2001 година. Затоа, прифаќањето на Албанците како државотворни би го официјализирало и албанскиот јазик на државно ниво и не би ги имале актуелните неизвесности како резултат на разни толкувања – вели Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот