Меџити, Касами и Гаши ја напуштија лидерската, бараат член во ДИК

Европски сојуз за промени Фото: Слободен печат

Европскиот сојуз за промени предводен од Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши веднаш по почетокот на лидерската средба го напуштија состанокот бидејќи од средбата излегол престедателот на Собранието Талат Џафери откако тие побарале на албанскиот опозициски блок да му припадне испразнетото столче во Државната изборна комисија (ДИК).

-Точка на дневен ред беше членот на ДИК. Откако Џафери го напушти состанокот и ние излеговме бидејќи немаше со кого да ги соочиме аргументите. Нашите барања се да има предвремени парламентарни избори и тоа на 14 и 28 април, односно на 28 април да бидат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори за да се запазат роковите. Техничка влада треба да има но министрите треба да бидат од албанската опозиција. За членот на ДИК цениме дека Џафери ова го одолговлекува една година со цел да не се избере член на Комисијата и ова да биде предтекст за некој да ги оспори изборите – изјави Меџити.

Тој рече дека соодносот на силите во ДИК сега е четири спрем адва во корист на власта и дека според изборниот законик соодносот треба да биде четири спрема три.

– ВМРО-ДПМНЕ е присутна со двајца членови и треба ние како опозиција да имаме член за да се исполнат законските услови. Алијанса нема логика да претсендираат да ја претставува албанската опозиција во ДИК. Џафери да прекине со ова оти го цениме како обид за фалсификат на изборите. Бараме да се овозможи дијаспората да гласа преку пошта или електронски – рече Меџити.

Тој нема информации дали некое од нивните барања е прифатено на лидерската средба бидејќи веднаш ја напуштиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот