Медведев блуе закани: „Молдавија веќе не постои“

Дмитриј Медведев/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY /

Дмитриј Медведев, некогашниот руски премиер и претседател, а сега заменик-претседател на Совет за безбедност на земјата, реагираше на одлуката на Молдавија да ги забрани посетите на официјални претставници на руската држава, со заканувачки коментар дека „таква земја веќе не постои“.

„Мистериозно суштество по име Речан (премиерот на Молдавија Дорин Речан) изјави дека ниту претседателот на Русија, ниту руските официјални лица нема да можат да влезат во неговата земја – Молдавија. Како прво, никој не планира да оди таму во моментов. Можеби подоцна. И второ, веќе нема таква земја“, напиша тој на Телеграм.

Според Медведев, локалните лидери, меѓу другото и со одлуката да реферираат на официјалниот јазик во Молдавија со „романски“ наместо „молдавски“, ѝ ја „продале Молдавија на Романија“, па, како што рече, нема смисла да се разговара со нив.

„Локалните владетели ѝ ја продадоа земјата на Романија и со тоа станаа предавници на својата татковина. И нема смисла да разговараме со нив за ништо. Нека се занимава народот со нив. И нека одлучи конечно кои се – Молдавци или Романци“, напиша Медведев, според „РТ“.

Властите во Кишињев неодамна составија список на функционери од Русија на кои им е забранет влез во Молдавија, но не ги открија имињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот