Мбапе е решен да си оди од ПСЖ, одби плата 60 милиони евра

Килијан Мбапе/ фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Килијан Мбапе нема намера да потпише договор со ПСЖ и по крајот од сезоната ќе си замине од францускиот тим.

Иако француските медиуми објавија дека Мбапе се двоуми и може да потпише нов договор со ПСЖ, но денешните информации велат дека одличниот напаѓач нема намера да остане во Париз без разлика на исходот од сезоната. Наводно, Мбапе ја одбил последната понуда на ПСЖ тешка 60 милиони евра ѝ им порачал на челниците на екипата дека не станува збор за парите.

Оваа информација највеќе ќе ги израдува челниците на Реал Мадрид кои се надеваат дека Мбапе на крајот ќе одлучи да го исполни сонот и на лето да потпише за „кралскиот клуб“.

Евентуалното доаѓање на Мбапе во Реал Мадрид нема да ги промени плановите на првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез.

Според весникот „Марка“, покрај Мбапе, на „Сантијаго Бернабеу“ треба да пристигне и Ерлинг Халанд. Во договорот на Халанд со Борусија Дортмунд постои клаузула според која во летниот преоден рок во 2022 година може да си замине за само 75 милиони евра. Тоа сака да го искористи Реал Мадрид и да го донесе Халанд и да создаде трио во нападот кое би доминирало во наредните десетина години, Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот