Материјалната благосостојба на домаќинствата во Македонија е 50 проценти од просекот во ЕУ

Фото: Pexels/ Jack Sparrow

Македонија е на 50 проценти од просекот на ЕУ на ниво на вистинска индивидуална потрошувачка. Користена како мерка за материјалната благосостојба на домаќинствата, вистинската индивидуална потрошувачка по глава на жител изразена во стандардите за куповна моќ (ППС) варира од 69 проценти до 138 отсто од просекот на ЕУ низ земјите на ЕУ.

Од регионот полоши се само Албанија и Босна и Херцеговина 41 отсто или 59 проценти под просекот во ЕУ. Србија е на 53 проценти или 47 под, а Црна Гора на 63 отсто или 37 проценти под европскиот просек.

Во рамки на ЕУ, највисоко ниво има Луксембург 38 проценти или над европскиот просек, а најниско Бугарија со 31 процент под европскиот просек.

Како и во претходните години, Луксембург забележа највисоко ниво на вистинска индивидуална потрошувачка по глава на жител во ЕУ со 38 проценти над просекот на ЕУ, следен од Австрија и Германија и двете по 18 отсто, Холандија 16 проценти и Белгија 15 отсто над европскиот просек. Во 2022 година, девет земји на ЕУ забележаа вистинска индивидуална потрошувачка по глава на жител над просекот на ЕУ.

Најниски нивоа на вистинска индивидуална потрошувачка по глава на жител меѓу земјите од ЕУ се регистрирани во Бугарија 31 процент под просекот на ЕУ, Унгарија 29 отсто подолу, Хрватска и Летонија и двете 24 проценти подолу и Словачка 23 отсто под просекот на ЕУ.

Во текот на последните три години, вистинска индивидуална потрошувачка по глава на жител во однос на просекот на ЕУ бележи промени во повеќето земји на ЕУ. Помеѓу 2020 и 2022 година, нивоата на вистинска индивидуална потрошувачка се зголемија во 18 земји на ЕУ, особено во Бугарија (69% од просекот на ЕУ во 2022 година во споредба со 60% во 2020 година), Хрватска (76% наспроти 69%), Романија (86% наспроти 81%) ), и Ирска (94% наспроти 89%).

Спротивно на тоа, нивоата на вистинска индивидуална потрошувачка бележат намалување во седум земји од ЕУ. Најголеми намалувања се забележани во Данска (110% во 2022 година наспроти 121% во 2020 година), Германија (118% наспроти 124%) и Финска (109% наспроти 114%).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот