Масовно апсење во Данска: 135 измамници „оперирале“ кај пензионери, а парите ги переле

Данска полиција / Фото: EPA-EFE/Olafur Steinar Gestsson DENMARK OUT

Во голема акција на данската полиција уапсени се 135 луѓе осомничени за перење пари, кои со измама биле земени од повозрасни лица.

Уапсените контактирале со повозрасни луѓе и ги убедувале да префрлат пари од нивните банкарски сметки или да дадат лични информации поврзани со нивните сметки.

Шефот на специјалната полициска единица за борба против криминалот Торбен Сварнер изјави дека уапсените не се организатори на измамата.

Данските власти подготвиле обвиненија за перење пари против 212 лица, но полицијата сè уште не успеала да ги пронајде сите обвинети, посочи Сварнер.

Полициската операција била планирана од есента, а во неа учествуваа повеќе од 600 полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот