Марк Маркез ќе мора да оди на подолг одмор

twitter.com/MotoGP

Иако беше најавено дека возачот на Репсол Хонда многу брзо ќе се врати на патеките по операцијата на раката, најновите информации велат дека го очекува подолба пауза.

Во првата трка сезоната, Марк Маркез имаше тежок пад кој доведе со скршеница на коската на раката поради што имаше операција неколку дена подоцна.

Првичните прогнози беа дека Маркез многу брзо ќе се врати на трките, но откако дојде до оштетување на плочката која беше прицврстена за коската, на Шпанецот му беше извршена втора операција за замена на плочката со што се продолжи рехабилитацијата.

Неговите шефови во Репсол Хонда одлучија да не му дозволат на Маркез предвреме да се врати на трките и по консултација до докторите, Маркез ќе биде на „продолжен одмор“ во наредните два-три месеци.

– Имаше многу шпекулации за состојбата на Маркез, се зборуваше за разни рокови на враќање посебно по втората операција. Нашата цел е јасна, сакаме да го имаме Маркез на патеката само кога ќе биде 100 проценти здрав. Не сакаме да избрзуваме, и ќе добие зелено светло за настап само кога ќе биде максимално подготвено – изјави тим менаџерот на Хонда Алберто Пуџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот