Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП

Марк Ангал/ Фото Philipp von Ditfurth / AFP / Profimedia

Европскиот парламент го избра луксембуршкиот социјалдемократ Марк Ангал за нов потпретседател, откако неговата претходничка Ева Каили беше уапсена и разрешена под обвинение за примање мито од Катар.

Ангал, кој е член на Европскиот парламент од 2019 година, стана еден од 14-те потпретседатели на ЕП, а беше избран по два круга тајно гласање.

Тој во првиот круг ја доби поддршката од 263 од 555 пратеници кои гласаа, додека италијанската претставничка од десничарскиот клуб „Идентитет и демократија”, Аналиса Тардино, доби 179 гласа. Француската претставничка од Зелените, Гвендолин Делбос-Корфилд доби 113 гласа.

Ангал по вториот круг го обезбеди неопходното супермнозинство меѓу пратениците кои гласаа. За него гласаа 307 од 590 пратеници, а 55 беа воздржани.

Тардино го поддржаа 185 од нив, а Делбос-Корфилд 98.

Минатиот месец ЕП го потресе истрагата на белгиското правосудство, во која под сомнение за корупција беше приведена поранешната потпретседателка на тоа тело, грчката социјалистичка претставничка Ева Каили.

Каили е во притвор по полициските рации минатиот месец, а на претходната пленарна седница во декември беше сменета од функцијата потпретседател на ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот