Маричиќ: Сите кои САД ги стави на црна листа, ќе бидат „разгледани“ од нашите институции

Бојан Маричиќ - вицепремиер за европски интеграции / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој е во посета на Харвард во Бостон, во интервју за Гласот на Америка, на едно од прашањата рече дека дополнувањата на Законот за рестриктивни мерки ќе се донесат, меѓудругото и затоа што тоа го бара поголемиот дел од јавноста.

„Таа иницијатива веќе има опипливи резултатите. Сигурен сум дека по донесувањето на овој закон тие ќе добијат и институционална форма. САД и Северна Македонија заедно работат на борбата против корупцијата, и тоа ни е ѝ целта со овој закон за рестриктивни мерки – да оние укажувања од САД добијат институционална форма и кај нас, но со почитување на сите човекови права. Владата во последните месеци направи интензивен напор, и со овој закон и со полициската акција во Грчец и со случајот со Онкологија кои што го поддржуваат три четвртини од јавноста, да покаже на дело дека навистина има политика волја за борба против корупцијата и организираниот криминал. Исто така овој закон за рестриктивни мерки го бараат и граѓаните, во огромно мнозинство, и владата сака да покаже дека заедно со поддршка од граѓаните, е подготвена да го спроведе овој закон“, вели вицепремиерот.

Маричиќ во рамки на истото прашање додаде дека македонските институции веќе се занимаваат со лицата кои се нашле на „црната листа“ на САД.

„Сите оние лица за коишто што нашиот стратешки партнер САД ни укажале и се ставени од некоја причина на „црната листа на САД“, ќе бидат разгледани од нашите институции без никакво прејудицирање за исходот на постапката“, дополни тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот