Маричиќ: Продолжување на важноста на пасошите ќе внесе поголема несигурност за граѓаните по границите

Бојан Маричиќ - вицепремиер за европски интеграции / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Во трка за евтини политички поени и министерот за внатрешни работи и други претставици на опозицијата создаваат непотребна конфузија кај граѓаните – рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма за ситуацијата со патните исправи и кажа дека ниту една земја од ЕУ не потврдила дека дозволува патување со старите документи.

Вицепремиерот кажа дека секој што патува надвор од државата треба да има нов пасош, а на тие кои живеат во други држави им препорачува да користат бесплатни патни листови за враќање дома.

-Тоа е поправилно, бидејќи ако одат со кола не може да се предвиди каде може некој да направи проблем за стариот пасош – рече Маричиќ.

Тој додаде дека треба да се гледа од аспект на граѓаните, а не политички опортуно да се носи нов закон за продолжување на важноста на пасошите, бидејќи тоа не го решава проблемот.

-Тоа ќе внесе дополнителна и поголема правна несигурност и можност да ги внесе граѓаните во поголеми проблеми, дополнителни трошоци и непријатности на гранични премини. Во моментот немаме официјално известување од ниту една членка на ЕУ дека може со стариот пасош да се патува – потенцираше Маричиќ.
Вицепремиерот објани дека важноста на возачките дозволи беше продолжена за да се намали притисокот и сите да имаат време да ги променат

-Измените што ги направивме за возачките дозволи и сообраќајните дозволи се исклучиво со намера за домашна употреба да го намалиме притисокот, да има доволно време сите да ги сменат – рече вицепремиерот.

Тој додаде дека днвевниот притисок за промена не е ист како за пасошите, бидејќи не сите патуваат надвор од државата како што возат автомобил.

-Тоа е направено од практични причини за да се стигне со возачките дозволи до крај на годината да се комплетира тоа. Многу е поинаков проблем – рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека со продолжување на важноста на пасошите проблемот ќе се пренесе надвор и граѓаните може да се соочуваат со проблеми на граничните премини.

-Тоа е политички егзибиционизам за собирање евтини политички поени. Возачките дозволи беа продолжени за оние кои ги користат дома, за да не мора да бидат под дневен притисок, а возат кола секој ден – рече Маричиќ.

 

Тој смета дека продолжување на важноста на пасошите ќе внесе нова и поголема несигурност за граѓаните по границите низ светот.

-Должни сме да гледаме од аспект на граѓаните. Најлесно е и политички опортуно да донесеме закон со кој навидум ќе го решиме проблемот. Но, тоа ќе внесе дополнителна и поголема правна несигурност и можност да ги внесе граѓаните во поголеми проблеми, дополнителни трошоци и непријатности на гранични премини. Во моментот немаме официјално известување од ниту една членка на ЕУ дека може со стариот пасош да се патува – потенцираше Маричиќ.

Тој додаде дека на тој начин граѓаните ќе може да бидат застанати на било кој граничен премин и да се сносат со дополнителни потешкотии и непријатности.

-Црна Гора извести дека нема да дозволи патување со стари докуементи. Други земји може да на лице место да се повикаат на тоа. Зошто да ги оптеретуваме граѓаните да се соочуваат со проблеми и се да зависи од смената на граничниот премин – праша вицепремиерот Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот