Маричиќ: Очекуваме да се потврди вториот мандат на претседателот Пендаровски

Првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ и секретар за меѓународна соработка на СДСМ очекува во вториот круг од претседателските избори да се потврди вториот мандат на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Маричиќ денеска по потпишувањето за кандидатурата на Пендаровски, кој за неколку часа ги собра потребните 10 000 потписи, изјави дека е задоволен од одѕивот и поддршката од граѓаните. Најави дека СДСМ вечер на Конгрес ќе ја официјализира поддршката за Пендаровски.

-За само неколку часа, за не повеќе од пет часа, беа собрани над потребните 10.000 потписи за претседателот Стево Пендаровски да го добие неговиот втор мандат и вечерва тоа ќе го потврдиме на конвенцијата, конгрсот на СДСМ, на којшто ќе биде дадена и официјално поддршката за претседателот Пендаровски и неговиот втор мандат. Задоволни сме и со одѕивот и со поддршката од граѓаните и очекуваме во тој позитивен дух и со таа силна енергија да продолжи кампањата се до 24 април во првиот круг и 8 мај во вториот круг кога очекуваме да се потврди вториот мандат на претседателот Пендаровски, изјави Маричиќ.

Конгресот на СДСМ ќе се одржи вечерва со почеток во 18 часот. По завршување на работниот, затворен дел, Конгресот ќе биде отворен за јавноста и ќе се обрати кандидатот за претседател на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот