Маричиќ објасни која е целта на реконструкцијата на владата

Фото: ТВ Телма/принтскрин

„Наша цел е стабилизирање на владата и на мнозинството. Зајакнување на владата за да може да влеземе оваа година во реформи, стабилизација по тешките кризи кои траат една по друга веќе три години и обезбедување на еден блок за европска иднина, Европска Македонија, која ќе ги донесе реформите“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, вечерва во гостувањето на „Телма“.

Тој додаде дека стабилното мнозиснтво исто така треба да го комплетира скринингот, да направи простор за понатамошната фаза од преговорите и да создаде услови за двотретинско мнозинство за уставните измени.

„За жал, ВМРО-ДПМНЕ ја има затворено вратата за соработка веќе подолго време. Јас сум се обидувал да разговарам со нив за заживување на Националниот совет за евроинтеграции, да се отвори дијалог таму, каде што опозицијата има претседавач и може да ја наметне агендата и дискусијата. Имавме и лдиерска средба, каде се отворија теми и можности за соработка“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги пропуштила и шансите минатото лето да предложат и да ги дополнат заклучоците на државата наспроти францускиот предлог и Бугарија, а ги пропуштиле тие шанси иако Владата не ја затворала вратата за разговор.

„Тие пет години одбиваат да бидат дел од решението“, рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот