Маратонска седница за разрешување на министрите од таборот на Таравари

Јован митрески/Слободен печат/ фото Слободан Ѓуриќ

Цел викенд можно е да трае собраниската седница за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општестви Фатмир Меџити и Азир Алиу од таборот на Арбен Таравари, како и изборот на новите министри Илир Демири и Наим Бајрами предложени од поддржувачите на Зијадин Села.

Почетокот на пленарната седница веќе доцни повеќе од еден час.

Според сценариото, откако претседателот на Собранието Јован Митрески ќе го дополни дневниот ред на седницата со предлозите за разрешување и за избор на новите министри во техничката Влада, техничкиот премиер Талат Џафери ќе образложи зошто се бара разрешување на Меџити и на Алиу. Двајцата министри за кого Владата побара разрешување, како што веќе самите најавија ќе се обратат пред пратениците. Според најавите, интерс за расправа ќе има од повеќе пратеници и како што велат седницата најверојатно ќе трае два или три дена.

Џафери вчера достави барање за разрешување на Меџити и Алиу и според Деловникот може да го образложи барањето. Согласно член 221 од Деловникот на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, а членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути. За да биде разрешен министер потребни се 61 глас, а исто толку гласови се потребни и за негов избор.

Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот