Манчестер Сити и Барселона се договориле, Чави го добива Кансело

Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Изгледа дека повеќе нема дилеми, Жоао Кансело ќе биде нов играч на Барселона.

Бројни медиуми од Шпанија и Англија пренесуваат дека Барселона и Манчестер Сити постигнале договор за трансфер на Португалецот кој во Каталонија ќе пристигне на позајмица со можност за откуп на договорот.

Ако Кансело одигра повеќе од 70% од натпревирите и Барселона се квалификува во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се активира автоматска клазула за откуп за сума од 30 милиони евра.

Клучна лога во преговорите одиграл агентот Жорж Мендеш кој бил информиран од Кансело дека сака само во Барселона. Сити на крајот попушти во цената бидејќи од претходно е познато дека Португалецот не е во плановите на Пеп Гвардиола.

Кансело ќе биде четврто засилување за Барселона откако претходно пристигнаа Илкај Гундоган, Иниго Мартинез и Ориол Ромеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот