Малолетник со мотор удрил во паркирано возило, со тешки повреди пренесен во болница

Фото: МИА

Вчера околу 11 часот е пријавено дека на патот Кичево-Македонски Брод, малолетно лице управувајќи мотор изгубил контрола и се забил во паркиран автомобил. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во болница.

 

„На 23.08.2023 во 11.33 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, 17 – годишник од с.Б.Доленци, управувајќи мотоцикл „сузуки” без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто” со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Н.С..“, информираат од МВР.

По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот