Макрон – Рама: Гласот на албанскиот премиер е значаен за нормализација меѓу Србија и Косово

epa11274578 France's President Emmanuel Macron (R) gestures while speaking to Albania's Prime Minister Edi Rama

Претседаателот на Франција Емануел Макрон на заедничката прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама му порачал дека  „во сите регионални прашања неопходна е нормализација на односите меѓу Србија и Косово, каде што гласот на Рама бил многу значаен.

– Албанија е силен глас и во Советот за безбедност на Обединетите нации во последните две години. Бевте домаќини на регионален самит на кој го поканивте и украинскиот претседател Володомир Зеленски, што беше дополнително зајакнување на поддршката за Украина,  истакна Макрон, јави Ора њуз.

Рама, од своја страна, високо ги  оцени односите меѓу двете земји, додавајќи дека „Албанците ги ценат своите пријатели”.

-Албанците беа скептични кон Франција пред неколку години, но сега знаат дека Албанија има уште еден пријател. Ние Албанците не сме богати, но имаме единствена способност: Ако еден ден бидете во момент на тешкотија, повикајте Албанец и тој ќе дојде,  рекол тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот