Макрон предложи да се зголеми воената потрошувачка до 2030 година

Емануел Макрон/ Фото: Blondet Eliot -POOL / Sipa Press / Profimedia

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска предложи значително зголемување на воената потрошувачка до 2030 година, земајќи го во оглед влијанието на војната во Украина и заканите ширум светот.

Макрон најави воени трошоци од 413 милијарди евра за периодот од 2024 до 2030 година, со цел, како што истакна, да се обезбеди „слобода, безбедност, просперитет и местото на Франција во светот”.

Во периодот од 2019 до 2025 година за воени трошоци беа издвоени околу 295 милијарди евра.

Макрон го најави зголемувањето на воените трошоци во говорот за новата одбранбена стратегија по војната во Украина и другите закани во новогодишното обраќање до цивилниот и воениот персонал во воздухопловната база Мон де Марсан во јужна Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот