„Макпетрол“: Граѓаните да не учествуваат во лажната наградна игра на Фејсбук

Фото: МИА

На социјалната мрежа Фејсбук неодамна се појави наградна игра преку корисничкиот профил „Макпетрол Македонија“. Компанијата соопшти дека и наградната игра и споменатата интернет-страница се лажни и немаат никаква допирна точка со „Макпетрол“.

Како дел од наведената игра, се наведува дека се доделуваат ваучери од 6000 денари за гориво, за тие што ќе ја следат лажната страница, ќе ја споделат и ќе остават коментар.

– Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол“ АД има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна – Една и единствена”, како и еден официјален Фејсбук профил, „Макпетрол Ultra”. Добитниците од истата се истакнуваат на официјалните веб-страници на компанијата и програмата за лојалност „Верна”, www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека добитниците на наградите од мастер колата се објавуваат и во емисијата „Верна – Една и единствена” која се емитува на телевизија „Телма”. Дополнително, по секое извлекување среќните добитници се известуваат лично, преку телефонски разговор од официјалниот кол-центар на компанијата, истакнуваат од „Макпетрол“.

Компанијата веќе го пријавила случајот кај надлежните институции и ги советува граѓаните да го направат истото доколку наидат на вакви или слични лажни наградни игри, како и да не ги земаат за релевантни.

Фото: МИА

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот