Македонското таеквондо со 22 медали од турнирот во Србија

Фото: facebook.com/Македонска-Tаеквондо-Федерација-Macedonian-Тaekwondo-Federation-WT

Нов успех во спортот во кој Македонија годинава ќе има учесник на Летните олимписки игри во Токио…

На петтиот меѓународен турнир во таеквондо, „Астерикс Опен Ниш“ во Србија учествуваа 100 клубови од 20 држави со над 1000 натпреварувачи.

Во силна конкуренција нашата земја успеа да обезбеди вкупно 22 медали, сите освоени во класа А. Таеквондо клубот „Бутел“ како најуспешен освои 16 медали од кои три златни, три сребрени и 10 бронзени.

Потоа ТК „Кобра“ собра три медали (два златни, еден сребрен), ТК „Борец“ два медали (по еден златен и бронзен), а ТК „Годел“ се закити со еден сребрен медал.

ТК „Хваранг фист Охрид“ имаше една ефективна победа на Филип Јосифовски, но овојпат остана без медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот