Македонските ракометни надежи ја прегазија Турција

Фото: РФМ

Maкедонските ракометни надежи денес забележаа убедлива победа против Турција со 15 голови разлика (34:19).

Ова беше прв натпревар од двата планирани, а избраниците на селекторот Раде Стојановиќ одиграа маестрално и ги прегазија врсниците од Турција. Разликата во квалитет можеше да се забележи уште во првиот дел кој заврши со 18:11 за Македонија.

Најдобар стрелец во нашата селекција беше Петковски кој постигна шест гола, а по четири постигнаа браќата Узунчеви и Тотиќ.

Вториот натпревар помеѓу Македонија и Турција се игра утре до 16:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот