Македонскиот репрезентативец Зајков пред трансфер во Бугарија

Дефанзивецот Ѓоко Зајков до крајот на сезоната во Славија Софија/Фото: ФФМ

Левски ќе потпише со македонскиот одбранбен репрезентатиец Ѓоко Зајков. Тој сега е слободен игра и нема пречки за да направи трансфер во Бугарија.

Во петокот вечерта, 26-годишниот фудбалер го раскина договорот со белгискиот клуб Шарлроа. Интересно е што Левски веќе зеде еден играч од овој клуб – го позајми поранешниот капитен Иван Горанов.

Како што информираат бугарските медиуми, Зајков се очекува најдоцна во понеделник да биде во Софија.
Неговите услови според договорот со Левски веќе се разјаснети. Доколку успешно ги помине медицинските прегледи, нема да има пречки да го облече дресот на „сините“.

Во својата клупска кариера пред да се пресели во Шарлроа ги бранеше уште боите на Работнички и Рен од Франција.

Интересно е што последните официјални натпревари на дефанзивецот ги има со македонската сениорска репрезентација. Во октомври и ноември минатата година одигра четири натпревари во УЕФА Лигата на нации.

Во најсилниот бугарски шампионат Левски не започна најдобро, после четири кола има три порази и една победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот