Македонскиот репрезентативец Адеми во април би можел да го напушти Динамо Загреб?!

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Повторно се шпекулира околу иднината за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, според хрватските медиуми доколку нашиот играч одлучи да ја продолжи кариерата во Кина, тогаш Динамо Загреб веројатно ќе го пушти.

Наскоро „модрите“ би можеле да останат еден од своите најискусни фудбалери, имено капитенот на хрватскиот шампион е блиску до преселба во Кина. Официјално не е потврдено за кој клуб станува збор, но наводно тоа би требало да биде Пекинг Гуан. И пред еден месец имаше одредени преговори меѓу Адеми и споменатиот клуб, но тогаш немаше договор.

Нашиот фудбалер имаше одличен натпревар во дербито против Хајдук со гол и асистенција и Динамо со овие бодови направи огромен чекор кон освојување на нова шампионска титула во Хрватска.

Во зимскиот преоден рок имаше понуди од Турција, но и од бундеслигашот Штутгарт, но остана на Максимир бидејќи клубот сè уште не беше сигурен дека ќе ја освои титулата, очекуваше понеизвесна борба во шампионатот. Но, сега има 11 бода повеќе и натпревар помалку од Хајдук.

Преодниот рок во Кина трае до 7 април, па се проценува дека би можел да остане во Динамо до репрезентативната пауза. Останува да се види дали навистина Адеми има намера наскоро да потпише за друг клуб или ќе остане верен на хрватскиот гигант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот