Македонскиот хируршки тим од НАТО мисијата во Кабул, се врати дома

Македонскиот хируршки тим во состав на Норвешката Role–2 Полска болница, распореден во Кабул, Авганистан денеска се врати во нашата земја.

Тимот на скопскиот аеродром беше пречекан од државниот секретар во Министерството, Драган Николиќ, бригадниот генерал Орце Јордев, одбранбеното аташе на Кралството Норвешка акредитирано за нашата земја, потполковник Егил Далтвеит како и членови на нивните семејства.

Државниот секретар, Николиќ на членовите на тимот им посака добредојде и ја поздрави нивната успешна работа во мисијата на НАТО. Тој истакна дека нивното учество во оваа мисија е од голема важност за земјата и изрази уверување дека добиеното искуство ќе биде од голема важност за развој на оваа способност која и во иднина ќе биде на располагање како НАТО ресурс.

Хируршкиот тим се состои од двајца доктори специјалисти – по трауматологија и по општа хирургија, и три медицински сестри. Четворица од нив се од јавното здравство, а една е медицинска сестра од Баталјонот за медицинска поддршка на Армијата на Република Северна Македонија.

Тимот беше прв македонски хируршки тим упатен во НАТО мисијата „Одлучна поддршка” по членството на земјава во Алијансата. Тимот замина во Кабул во март 2021 година, со претходна тримесечна обука која се реализираше во Кралството Норвешка, заедно со норвешките колеги кои беа дел од истата ротација во оваа мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот