Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ го освои сребрениот медал на Турција Г1 Опен

фото: facebook.com/aleksandar.eftimov

Македонската најдобра млада спортистка, таеквондистката Милијана Рељиќ направи извонреден резултат освојувајќи го сребрениот медал на едно од најсилните натпреварувања Турција Г1 Опен.

Рељиќ како прва носителка во првото коло беше слободна и ја чекаше подобрата од дуелот помеѓу Хамта Сеједех Хосеини од Иран и Нур Хава Текташ од Турција. Во второто коло Рељиќ ја победи Нур Хава Текташ со нокаут во втората рунда.

Во следното коло нашата таеквондистка беше поуспешна од турската натпреварувачка, Бејза Карабулут со 2:1 во рунди. Во 1/4 финалната борба со сретна со уште една репрезентативка на Турција Гокче Хуру Гоќебакан против која триумфираше со 2:0 во рунди. Оваа борба беше можеби и најтешка дека е борба за медал, но Рељиќ покажа извонредна стабилност и концентрација.

фото: facebook.com/aleksandar.eftimov

Во полуфиналето Милијана се сретна со руската репрезентативка Викторија Кучина која се бореше под индивидуален неутрален тим, против која исто така дојде до победа со 2:0 во рунди. Три победи над турски репрезентативки и победа против Русинка на официјален Г1 турнир каде се собираат поени за олимписка ранкинг листа е успех кои можат да се пофалат само светска класа натпреварувачи.

Имено колку е голема конкуренцијата во женското таеквондо во Турција говори податокот дека на последното државно првенство во Турција само категоријата на Рељиќ учествуваа 250 натпреварувачки, а на последната Олимпијада во Токио, само Турција имаше квалификувано женски натпреварувачки во сите женски категории.

фото: facebook.com/aleksandar.eftimov

Финалната борба беше закажана дури во 23.30 часот по локално време поради програмскиот режим на турската национална спортска телевизија која во живо ги емитуваше финалните борби. Рељиќ не успеа да ја победи Хрватката Ивана Арелиќ, после напорниот ден од 07.00 часот во сала. На Турција Г1 опен кој се одржува неколку дена, учествуваа над 2000 натпреварувачи, многу од нив, светски и олимписки медалисти.

Ова се нови 7,20 поени за Милијана Рељиќ и голема надеж дека ќе успее да избори норма за Олимписките Игри во Париз 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот