Македонија протерала тројца руски дипломати, од МНР нема потврда, Захарова порача „ќе има одговор“

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Македонија пред три дена протерала тројца руски дипломати, тврди амбасадата на Руската Федерација во земјава, пренесувајќи став на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова објавен на социјалните мрежи.

Захарова тврди дека македонскикте власти не ги објасниле причините за нивно прогласување за персона нон грата. Во објава на платформата X (Твитер), портпаролката на руското МНР го нарече македонскиот потег како неодговорен и непријателски чекор кој нема да остане без одговор.

Се уште нема одговор од Министерството за надворешни работи за руските тврдења, дека се протерани тројца нивни дипломати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот